Дали знаеш за потеклото на производите?

Кога бираш подарок за друг па и за себе, дали внимаваш на потеклото на производите? Дали знаеш за нивното влијание врз природата додека се најдат на рафтот во продавницата? И најважно од се, дали ја знаеш нивната вистинска вредност?

Продавниците денес се преплавени со голем избор на секакви креативни производи кои ќе те освојат на прв поглед. Но дали погледнуваш подлабоко? Дали се запрашуваш за процесот на нивното производство, квалитетот, транспортот, и најважно од се, за нивното влијание врз природата? Дали тие имаат вредност?

 

Кога ќе наидеш на попусти од 70% на некое парче облека или додаток, чанта, паричник, големите компании имаат заработка и профит во сето тоа. Ако и со толкав попуст тие заработуваат, која е нивната вистинска вредност? Масовното производство и индустријализацијата се проблем кој и штети на природата. Дали ти си дел од тој ланец, дали си дел од консумеризмот или си одговорен купувач?