По покана по нашиот почитуван Изет Цури, на 10 март бевме учесници на овогодинешниот Fashion weekend Skopje, во East Gate Mall.
Одлична прилика за нас да се запознаеме повеќе со модата и да го претставиме Еснаф со новите ексклузивни производи, кои се дел од проектот поддржан од Фонд за иновации – Еснаф Ексклузив.
Се запознавме со нови пријатели кои станаа наши нови клиенти 🥰 Тие ги обожаваат уникатните модни додатоци од Еснаф и веќе договоривме неколку идни соработки 🎉
Ја имамве и честа да не посети и амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Сирил Бомгартнер, кој заедно со неговата сопруга, станаа наши клиенти и поддржувачи 🇲🇰🇫🇷.
Еден од најважните моменти кој го промовираме на овој настан е соработката со најдобриот дизајнер од нашите простори, кој повеќе од 50 години творел за познати светски куќи во високата мода во Париз, господинот Изет Цури.
Тој ќе дизајнираше производи со негов потпис, специјално и ексклузивно за Еснаф. Ги прашавме посетителите, што би сакале да биде нивното идно модно парче дизајнирано од Изет, и веќе имаме одлична претстава за тоа што следува.
Ви благодариме на сите што го посетивте штандот на Еснаф и си купивте модни додатоци од нас 🙏
Stay tuned, we have a lot of new good stuff coming ❤️