Посетете ја Pop-up продавницата READY, STEADY, SHOP! од 15 до 31 март

Почитувани,

Особена чест и задоволство ни е да ве поканиме на “Ready, Steady, Shop” Pop Up продавница на Еснаф во партнерство со Моден викенд и East Gate Mall.


” Heritage” колекцијата, која е создадена во соработка и дизајнирана од познатата дизајнерка Росица Мршиќ ќе биде достапна за продажба во оваа Pop Up продавница.
Колекцијата содржи современо дизајнирани рачно изработени модни додатоци инспирирани од богатото македонско културно наследство, создадени со цел да се зачува и да се негува традицијата на домашните занаети и рачна изработка.


Во колекцијата се вклучени: плетени, везени и чанти изработени со таписерија техника, ткаени појаси и обетки. Секое парче од колекцијата е изработенo внимателно и со голема љубов од локални занаетчии и изведувачи од ранливи категории.

Pop-up продавницата се наоѓа на први кат и ќе работи од 15 до 31 март 2024.