Инспирирана од гуната, која е одлика на традиционалниот женски мариовски костим на почетокот на 20-тиот век. Плетена со една игла, со мек макраме конец кој и дава чиста форма и елегантна линија. Комбинација со две плетени рачки и шарен памучен пом-пом кој и дава посебен карактер.
Дел е од Heritage линијата на рачно изработени модни додатоци со современа естетика. Линијата е покрената со цел да се поттикнува зачувувањето на македонското културно наследство и да се негува традицијата на занаетот и рачната работа. Сите производи се изработени со внимание и љубов од локални артизани.