Уникатна и впечатлива торба која освојува на прв поглед. Каделка или тресачка е торба изработена со техника на таписерија, односно вез од волнени конци на традиционален начин.
За изработка на оваа торба потребни се две недели и се вклучени минимум три изработувачи.
Дел е од Heritage линијата на рачно изработени модни додатоци со современа естетика. Линијата е покрената со цел да се поттикнува зачувувањето на македонското културно наследство и да се негува традицијата на занаетот и рачната работа. Сите производи се изработени со внимание и љубов од локални артизани.