Манта е инспирирана од правоаголното платнено парче кое се носело за да се покрие градниот отворен дел од кошулата на женската носија. Изработена е на памучна платнена основа, на која со сито печат се аплицира уникатниот дизајн.
Дел е од Heritage линијата на рачно изработени модни додатоци со современа естетика. Линијата е покрената со цел да се поттикнува зачувувањето на македонското културно наследство и да се негува традицијата на занаетот и рачната работа. Сите производи се изработени со внимание и љубов од локални артизани.