Манта е инспирирана од правоаголното платнено парче кое се носело за да се покрие градниот отворен дел од кошулата на женската носија.
Ова е можеби најсложената торба за изработка бидејќи вклучува најголем број на изработувачи. На памучна платнена основа со сито печат се аплицира уникатниот дизајн. Потоа врз него се навезуваат монистри и конци. На крај заедно со рачно шиената кожна рачка од мека црна кожа, се составуваат сите делови.
Дел е од Heritage линијата на рачно изработени модни додатоци со современа естетика. Линијата е покрената со цел да се поттикнува зачувувањето на македонското културно наследство и да се негува традицијата на занаетот и рачната работа. Сите производи се изработени со внимание и љубов од локални артизани.