Како да го одржувате накитот од месинг?

Месингот е легура на розов бакар и сив цинк, има природна мат жолта боја што му дава благ винтиџ изглед. Како и среброто 925, така и месингот оксидира при контакт со воздухот и со текот на времето, затоа одржувањето на накитот од месинг бара малку поголема грижа.

 

Совети за одржување на накитот од месинг

Двете главни работи што треба да се направат за правилно одржување на накитот од месинг се: да го чувате во торбичка или кутија за накит и да ги заштитите од контакт со кисели материи.

Еве неколку дополнителни совети:

-Извадете го накитот од месинг кога извршувате домашни работи, кога вежбате или кога одите на пливање.

-Прскајте парфем подалеку од местата на контакт со вашиот накит

-Користете неутрален pH сапун/ гел за туширање  (ако не го вадите накитот под туш).

-Ако кожата ви е кисела извадете го накитот пред спиење. Поради киселата кожа накитот многу брзо потемнува.

Чистење и одржување на накит од месинг

Народни методи:

1. Сода бикарбона. Ставете ја сода бикарбона на влажна четка за заби и нежно тријте.
2. Пепел изладена ( исто како со сода бикарбона).
3. Бел оцет. Потопете го вашиот сребрен накит во бел оцет. Оставете да делува 2 часа.
4. Сок од лимон. Натопете четка за заби во исцеден сок од лимон и нежно тријте.
5. Паста за заби. Покријте го месинганиот накит со паста за заби и оставете го 30 минути.

Важно!

Внимавјате како го чистите вашиот накит од месинг, особено ако има полу-скапоцени камења. Ако вашиот накит има камења, набавете мека четка за заби, мека крпа и доза на трпеливост ( за полирање).

Користете нежни четки или микрофибер за да не го гребете месингот.

 

Професионално одржување на накит од месинг

Постојат специјални производи за чистење на накит од месинг , како што е лосионот за бакар, месинг и бронза од Хагерти (Hagerty), бренд специјализиран за грижа за накит и скапоцени предмети. Овој артикл во моментов чини 11 фунти.

Напомена: внимавајте да не го оштетите вашиот накит од месинг при користење а народните средства за чистење. Секогаш користете соодветни средства или побарајте помош од професионалец.