Да го прославиме успехот!
Стекнувањето со диплома во било кој степен на образование е значајно достигнување во животот на младите. Крај на една поглавје од животот и почеток на ново. Време е да го препознаеме и прославиме нивниот успех, но и да им честитаме за напорната работа и посветеност вложена во сите изминати години.
Избери подарок кој ќе создаде трајни спомени.
Без разлика дали е “за неа” или “за него”, рачно изработениот подарок е одличен начин да покажеш дека се грижиш за нив и ја цениш нивната напорна работа. Подароците од Еснаф се уникатни и автентични, и ќе те освојат на прв поглед. Подари приказна која се носи, нешто што ниту еден масовно произведен подарок не може да го раскаже.
Накит од месинг
Подарокот за матура е совршена можност да ја обележиш нејзината уникатност и индивидуалност. Подари и парче накит што ќе ја охрабри да биде автентична, подари и дизајнерски обетки и ланче од месинг “Essence”. Она што ги прави посебни овие обетки покрај уникатниот дизајн е и пораката што ја пренесуваат, дека таа самата е есенција на сопствениот живот.
Дознај повеќе за обетки Eesence и ланче Essence
Дизајнерски чанти
Дизајнерските чанти се идеален подарок за матурантките кои ја сакаат модата. Стилски и практичен подарок што таа може да го користи во годините што доаѓаат.
Еснаф Х Росица Мршиќ е дизајнерска колекција на рачно изработени чанти инспирирани од македонската традиција. Чантите се изработени од врвни мајстори со најквалитетни материјали.
Дознај повеќе за Еснаф Х Росица Мршиќ
Сребрен филигрански накит
Накитот од сребрен филигран е вистинско ремек-дело на рачната изработка, а овој прстен не е исклучок од тоа. Деликатните елементи создаваат чипкаст, сложен модел кој танцува со секое движење на рака. ( слика прстен)
Сребрените обетки се божествен пример за убавината на македонскиот филигран. Сите обетки се одликуват со повеќедимензионален дизајн кој ја привлекува светлината и зрачи со секое движење. ( слика од обетки)
Впечатлив и женствен филигрански привезок . Безвременско парче накит , верен придружник во различни пригоди во годините што следат. ( слика од привезоци)
Дрвени кутии за накит
Совршено место за складирање на нејзините омилени парчиња накит. Секоа кутија е со необичен и впечатлив изглед што ја прави сама по себе посакуван декоративен елемент. ( слики од кутии)
Мандала
Уметност која го симболизира универзумот и нашата поврзаност со него. Прекрасен декоративен подарок за идната студентска соба или за домот, да создаде смирувачка атмосфера и да служи како алатка за подобрување на вниманието или за медитација. ( слика од мандала)
Најди го совршениот подарок “за него
Подароци од кожа
Рачно шиен кожен бележник, практичен и стилски подарок за матурантот кој започнува ново поглавје во животот. Тој е одлично место за запишување белешки, идеи и цели. Кожната обвивка дава допир на софистицираност и класа на овој практичен подарок.
Кожна футрола за картички, практичен подарок за матурантот кој започнува да работи или да стажира. Идеална е за чување на визит картите организирани и лесно достапни, комотно во секој џеб од машката гардероба.