ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Во Еснаф, ние ја почитуваме вашата приватност и сме посветени на тоа да ги заштитиме информациите кои ни ги доверувате. За нас, почитувањето на високите стандарди кога станува збор за заштита на приватноста на на членовите на нашата заедница, е од висока вредност.
Вашите избори при користењето на вашите информации се наш приоритет; ние сериозно ја сфаќаме заштитата и правилното користење на вашите лични информации.
Во Еснаф, ние користиме безбедносни технологии и ги следиме стандардите за приватност во индустријата.
Еснаф не ги споделува информациите за клиентите (вклучувајќи ја вашата е-пошта адреса) за цели што не се директно поврзани со деловните активности на Еснаф. Ние може да откриеме информации кога ќе ни кажете да го сториме тоа, да ве идентификуваме или да ве контактираме, да ги заштитиме вашите права или правата на Еснаф или како што е поинаку барано или дозволено со закон.
СОБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ КОИ ГИ ДОБИВАМЕ ОД ВАС
Во Еснаф, ние ги собираме информациите кои ги добиваме директно од вас. На пример, ние собираме информации кога ја користите нашата веб страна, стапувате во контакт со нас преку електронска пошта или ни се јавувате на телефон.
Видовите на информации што би ги собирале се вашето име, е-пошта адреса, поштенски код, адреса за наплата, адреса за испорака, телефонски број, избор на производи, демографски информации и сите други информации што ќе изберете да ги споделите со нас. Iнформации за платежни картички не ги добиваме ниту процесираме, тие ги обработува компанијата која врши онлајн наплата Casys.
Исто така, може да собереме некои информации што ни ги давате за други лица, како на пример кога купувате производи што сакате да бидат доставени на други лица. Ние ќе ги искористиме овие информации за да ги исполниме вашите барања и тие лица нема да бидат исконтактирани од страна нас за маркетинг цели освен ако тие сами се одлучат да добиваат информации директно од нас.
ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ СОБИРААТ АВТОМАТСКИ
Покрај информациите за контакт и за плаќање опишани погоре, ние автоматски собираме одредени информации за вас кога ќе пристапите, ќе ги користите нашите веб-страници или кога склучувате деловни активности, вклучувајќи:
Најавување: Ние собираме информации за вашето користење на нашите веб-страни, како што се типот на прелистувач што го користите, времињата кога ги отварате веб-страните, страните кои ги гледате, вашата IP- адреса и линкот кој ве упатува на нашите веб-страни.
Информации за трансакција: Кога купувате или враќате производ, ние собираме информации за трансакцијата, како што се деталите за производот и датумот и локацијата на купување/враќање.
Колачиња и други технологии за следење: Може да користиме колачиња и други технологии за следење за да собереме информации за вас кога комуницирате со нашите веб-страници или електронска пошта, вклучувајќи ги информациите за вашето пребарување и однесување на купување. Ние можеме да ги користиме овие информации за различни намени, како што се подобрувањето на нашите веб-страници и вашето онлајн искуство, разбирањето кои области и одлики на нашите страници се популарни, броeње посети, прилагодување на нашите комуникации со вас, утврдување дали е-поштата е отворена и дали се кликнати линковите во е-поштата како и за други внатрешни деловни цели.
УПОТРЕБА
Во Еснаф, ние ги користиме информациите што ги собираме од вас за да ги обезбедиме и подобриме нашите услуги и да комуницираме со вас, вклучувајќи:
Олеснување и подобрување на вашето искуство при купување преку Интернет;
Обезбедување на производите и услугите што ги барате, обработување на трансакции и испраќање на информации поврзани со горенаведеното до вас, вклучувајќи потврди и сметки;
Одговарање на вашите коментари, прашања и барања и давање кориснички услуги;
Следење и анализирање на трендови, употреба и активности;
Подобро разбирање на вашите потреби и давање на подобра услуга; и
Изведување на која било друга цел за која беа собрани информациите.
Седиштето на Еснаф е во Македонија и информациите што ги собираме се регулирани со македонскиот закон. Со пристапување или користење на нашите веб-страници или доставување на информации до нас на друг начин, вие се согласувате за обработка и пренесување на информации во Македонија и други земји.
СПОДЕЛУВАЊЕ
Ние може да споделиме информации за вас со трети лица во следните случаи:
Со продавачи, консултанти и други даватели на услуги на кои им е потребен пристап до тие информации за да извршат работна задача во наше име;
Како одговор на барање за информации ако веруваме дека нивното споделување е во согласност со македонскиот закон, регулатива или правен процес, или поинаку како што е предвидено со кој било применлив закон, правило или регулатива;
Ако веруваме дека вашите постапки не се во согласност со нашите договори или правила за корисници, или за да се заштитат правата, сопственоста и безбедноста на нас или на кое било трето лице; и
Со ваша согласност или на ваше барање.
ПРОМЕНИ НА НАШАТА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Одвреме-навреме може да ја ажурираме или менуваме оваа Политика за приватност. Ако направиме измени, ќе ве известиме со промена на датумот на дното на оваа политика. Во некои случаи, ние може да ви обезбедиме дополнително известување (како што е додавање изјава на почетните страници на нашите веб-страници или испраќање на е-пошта до вас). Ве охрабруваме да ја разгледате Политиката за приватност секогаш кога комуницирате со нас за да бидете информирани за нашeто корисење на информации и начините на кои можете да ја заштитите вашата приватност.
КОРИСНИЦИ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Ако пристапувате на оваа веб-страница од Европската Унија („ЕУ“), може да ги имате следниве права во врска со вашите лични информации:
ПРИСТАП: Може да добиете пристап до вашите лични информации од нас (вклучувајќи и потврда од нас ако вашите лични информации се обработуваат од наша страна).
КОРЕКЦИЈА: Може да побарате да ги поправиме неточните лични информации или да комплетираме нецелосните лични информации.
БРИШЕЊЕ: Може да побарате да ги избришеме вашите лични информации ако, меѓу другите причини, повеќе не е потребно за целите за кои се собрани.
ПРИГОВОР: Имате право да се спротивставите на нашата обработка на вашите лични информации заснована врз нашиот легитимен интерес, за легитимни интереси во врска со вашата лична состојба.
ОГРАНИЧУВАЊЕ: Може да побарате да ја ограничиме обработката на вашите лични информации.
ПРЕНОСЛИВОСТ: Може да побарате да ги префрлиме вашите лични информации на вас или на трето лице.
Ние користиме комерцијално разумни напори за обработка на сите лични информации во согласност со законите на ЕУ. Ако дадете согласност за одредена обработка на вашите лични информации (на пр.,во врска со пријавувањето за да добиете билтен), можете да ја повлечете својата согласност на било која основа.
Ако имате какви било прашања или грижи во врска со тоа како Еснаф управува, пристапува или ги користи вашите лични информации, ве молиме испратете ни е-пошта на info@esnaf.eu
Со посета на оваа веб-страница, ги прифаќате условите на оваа Политика за Приватност. Било какви надворешни врски до други веб-страници се јасно препознатливи како такви, и ние не сме одговорни за содржината или политиките за приватност на овие други веб-страници.
Тековна политика објавена на: Ноември, 2019 година.