Сите ние имаме своја приказна. Приказна која не прави среќни, која не учи на нови лекции, приказна која не движи напред. Оваа е мојата:
Еснаф е мал бизнис кој го започнав со продажба на различни производи од голем број занаетчии. Уште во 2018 година, од редовното работно место си дадов отказ и целата своја енергија, време, љубов и финансии ги вложив во оваа идеја. Еснаф е приказна која ја развивам и има многу интересни моменти: подеми и падови, според кои го менувам и надградувам концептот, а паралелно со тоа учам и се развивам на други полиња и јас.
Со позиционирање на Еснаф како бренд за етички начин на живот (ethical lifestyle brand), на вистинскиот начин се поддржани занаетчиите, со концептот на Esnaf fair-trade: тие имаат редовни месечни примања за изработените елементи и продукти.
Со колекциите кои следат наскоро, верувам дека Еснаф ќе стане целосно одржлив модел и ќе расте уште повеќе на интернационалниот пазар.
Живееме во свет на масовно производство каде плаќаме повеќе отколку што добиваме вредност за тоа. Скапите брендови нудат производи кои се скапи поради името, но вредноста на самиот производ е помала. Рачно изработените ташни вредат многу повеќе, бидејќи самиот процес на изработка вклучува повеќе изработувачи, потрошено е повеќе време и се уникатни.
Целта на Еснаф не е секоја една жена да поседува една од ташните. Тие се наменети за жена која има изградено сопствен стил, модерна и современа, која не подлегнува на трендовите на брзата мода. Денес полека сите ние стануваме свесни за потеклото на производите кои ги конзумираме, а во Еснаф секоја чанта е прецизно рачно изработена од вешти занаетчии, со врвен квалитет и особено внимание на деталите. Изработката говори сама по себе, што ја прави statement piece што зрачи со луксуз и софистицираност, и за разлика од масовно произведените чанти, овие се автентични и единствени. Секое парче носи своја приказна, а знаејќи дека нејзиното купување придонесува за одржлив начин на живот и ги зачувува традиционалните вештини, дава додадена вредност и значење.
Драги верни купувачи и пријатели на Еснаф,
Со задоволство Ве информираме дека нашата компанија во соработка со уметници и занаетчии успешно креираше нова колекција – Signature collection.
Еснаф Signature collection е поддржана од Фонд за иновации и технолошки развој