ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ФИЛИГРАН ОД СРМА

Филигранот со срма е специфичен вид на филигранска уметност препознатлив само за Македонија и слободно може да се каже дека е уникатен. Срмата се користела за везење на традиционалната женска носија.

За разлика од традиционалниот филигран, каде во изработката се користат сребрени нишки, овде се употребува срмен конец. Филиграните од срма се слики кои се работат со лепење на срмен конец врз претходно изработен цртеж, а притоа се запазуваат елементи од филигранскиот занает.
Оваа уметност е автентична за Македонија, по неа сме препознатливи надалеку во светот.
Техниката бара многу посветеност, љубов, креативност, умешност Мотивите се најразлични и повеќето произлегуваат од богатата историја, култура и традиција на македонскиот народ. Составен дел на народните носии биле украсите. Тие се користеле во зависност од облеката и пригодата, па затоа се изработувале украси во форма на крст, медаљони, брошеви, обетки, мангура и сл.