Модна ревија во Сараево

  1. Fields of time: Ода на занаетчиството и наследството

Промоцијата на колекцијата „Fields of time“ е значаен раст за „Еснаф“ – ја спојува традицијата со современата мода. Оваа колекција дебитираше како дел од проектот „Ties That Bind“ за време на модната недела во Сараево.

Инспирирани од животниот циклус на пченицата, Fields of time го отелотворува растот, издржливоста и ритамот на самиот живот. Секој рачно ткаен појас, раскажува уникатна приказна – доказ за наследството и одржливоста. Материјалите кои се ткаенини кои се пренесуваат низ генерации, останати од минати колекции ја носат во себе суштината на бавното живеење и убавината на зачувувањето на минатото за идните генерации.

Оваа колекција не претставува само модни додатоци, туку наследство кое се носи. Истовремено го редефинира местото на традиционалните занаети во современтата мода. Работењето на овие дела беше едно лично патување, збогатено со соработки и нови искуства. Од изборот на нишки и дизајни до ткаени модели кои ја повторуваат убавината на полињата со пченица, секој чекор беше направен со добра мисла и полно срце.

Презентирањето на Fields of Time на ваков моден настан го засили моето верување во моќта на раскажувањето приказни преку дизајн. Секој појас претставува еден момент замрзнат во времето, опиплив потсетник за убавината на наследството и важноста на одржливоста.

Оваа колекција е само почеток. Со секоја нишка, Еснаф продолжува да ткае приказна за издржливост, креативност и надеж за свесен и одржлив свет на модата.