РАЧНО ИЗРАБОТЕНО е соодветен опис со кој совршено се нагласува квалитетот и уникатноста на производот.
Рачно изработено имплицира дека изработката е со повисок квалитет од нешто што е произведено машински. Од тука секоја рачна изработка е уникатна сама по себе, не може да се изработи друга индентична-иста, може да има мали недоследности или недостатоци, но тоа никако не треба да се гледа како нешто негативно.
Таа е изработена од човек, а не од машина!
Сите овие работи се само показател дека поседувате нешто посебно, го имате само ВИЕ, изработено е од некој кој вложил труд, љубов, време, знаење…
Вие имате изработка која не е масовно произведена. Исклучете го конформизмот на момент и наместо шопинг во некој голем трговски или од познат бренд дојдете си во Еснаф по единствена рачна изработка. Сѐ е со љубов, мерак и внимание изработено…
Од занаетчиите за вас!
Затоа што #handmadeisheartmade